strumica denes logo

Од денеска следуваат дождливи денови, северен ветер и снег на дел од повисоките планини!

Автор:

Датум:

октомври 11, 2026

Автор:

Датум:

октомври 11, 2026

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во наредните денови под влијание на циклонска активност до вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 литри на метар квадратен, особено во денеска. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Од понеделник ќе дува засилен северен ветер кој наместа ќе достигне до 60 километри на час. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег.