Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со осумте општини од регионот организира авио-третирање против комарци. Предвидени се две прскања на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 7542 ха.
За граѓаните од општините Струмица, Василево, Босилово, Ново Село и Конче планирано е првото прскање да се изврши на 28.06.2019 година – петок, од 04:30 до 09:30 часот.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.