НОВО ВО ГРАДОТ: Иновативно и модерно образование и во Струмица!

септември 11, 2021

Сите знаеме, дека квалитетната едукација на нашите деца е еден од клучните фактори за нивен успех во иднината. Едукацијата на нашите деца и нивниот интелектуален развој го трасираат животниот пат на децата, и им овозможуваат отварање на нови перспективи и можности.

Среќни сме што и децата од нашата држава, конечно ќе имаат пристап до квалитетна едукација, преку стекнување на функционално знаење и вештини, во областите кои се најбарани во светот, но и кај нас.

Ви ја претставуваме Tinker Labs интернационалната едукативна франшиза за СТЕАМ едукација за деца од 4 – 14 години, која од оваа училишна година започнува со работа во државата со три училишни центри во три градови и тоа: Скопје, Струмица и Радовиш.

Tinker Labs нуди уникатен и одличен едукативен систем на СТЕАМ едукација, базиран на посебни техники и методи, преку кои ги воведува децата во магичниот свет на науката и технологијата, со што се стекнува квалитетно и функционално знаење, но и се развиваат интелектуални вештини кои се коирисни за секоја сфера во животот.

КОНТАКТ: 071 242 476

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ