strumica denes logo

Новиот ѕвер во „Комуналец“ – компактор од 29 тони со метални тркала од кој депониите се плашат!

Автор:

Датум:

април 7, 2025

Автор:

Датум:

април 7, 2025

За поубава и почиста Струмица, ЈПКД „Комуналец“ воведе ново засилување во својата механизација – компактор тежок дури 29 тони, вистински ѕвер на теренот со метални тркала што ја претвораат секоја депонија во рамна, контролирана и поефикасна површина за управување со отпадот.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Овој моќен машински „гладијатор“ е специјално дизајниран за собирање, дробење и набивање на отпадот, со што значително се намалува неговиот волумен, а со тоа се продолжува векот на депонијата. Компакторот претставува стратешка инвестиција во одржливо и модерно управување со отпад во согласност со европските стандарди.