Регулаторната комисија за енергетика денеска напладне треба да ги соопшти новите цени на горивата.
Минатата недела имаше намалување на малопродажните цени на нафтените деривати.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намали за 1,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалија за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 0,306 ден/кг и сега изнесува 42,629 ден/кг.
Моменталните цени на нафтените деривати изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,629 (денари/килограм)