По семејното насилство со трагични последици што се случи во Неготино, нов случај е пријавен и во Струмица.
„На 07.08 во Струмица беше приведен Б.Б. (35) откако ја нападнал неговата сопруга со остар предмет, при што го повредил и нивниот малолетен син.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“ – стои во известувањето од МВР.