НОВ ПРЕДЛОГ ЗАКОН: Казината ќе мора да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта!

февруари 8, 2023

Владата, на вчерашната седница, го утврди и Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

Законот е предложен од Министерството за финансии и предвидува оддалеченост не помалку од 500 метри на уплатно-исплатните места во кои се приредуваат игрите на среќа од основни и средни училишта и има за цел да ја заштити младата популација, бидејќи моменталниот не предвидува ваков критериум.

Како што информираат од Влада исто така, меѓу целите на предложените измени се посочува на потребата од зајакнување на доказите потребни за издавање на лиценци, како и прецизирање на тоа дека едно трговско друштво со една лиценца, приредува еден вид на игра на среќа. А се зголемуваат и надоместоците за издавање лиценци за игри на среќа.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ