(ФОТО) СТУДИОТО ЗА УБАВИНА „ЈАСМИНА“ КОЕ Е ПОЗНАТО ПО БРОЈНИТЕ ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ – ДЕНЕС СЛАВИ 8 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ!

декември 2, 2021

Студиото за убавина на Јасмина Јанчева која ја знаеме по бројните хуманитарни акции во струмичко, денеска слави 8 години постоење. Јасмина и е позната на јавноста по тоа што секоја година подготвува матуранти и полуматуранти од ранливата категорија, а исто така таа се грижи и за стилот на косата на децата од училиштето за деца со посебни потреби „Св. Климент Охридски“.

Салонот за убавина на Јасмина ви ги овозможува најдобрите фризерско -козметички услуги во оваа општина па и надвор од неа. Салонот за убавина „Јасмина“ работи со маникир, педикир, надградба на нокти, шминка, фризури, шишање, депилација на лице и тело, надградба на свители трепки, ви овозможува и лепење на веги влакно по влакно и третман на лице.

„Да се биде фризер и козметичар и да се пронајдеш себе си во среќните лица на клиентите, мислам дека нема поубаво чувство од тоа. Се гордеам што со вас таа позитивна енергија ја делам овие 8 години и бескрајно сум ви благодарна за довербата. Како новитет во нашиот салон ќе има илуминација на веѓи, ботокс на трепки и исцртување на веѓи од страна на мојата колешка Верица Василева.“ – вели Јасмина за Струмица Денес.

По повод 8 години од постоењето, студиото за убавина „Јасмина“ донираше новогодишни паќетчиња за децата со посебни потреби како знак за нешто што сие треба да го имаме во себе и се нарекува ХУМАНОСТ.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ