strumica denes logo

Netflix објави оглас за работа со вештачка интелигенција со годишна плата до 900.000 долари!

Автор:

Датум:

јули 31, 2023

Автор:

Датум:

јули 31, 2023

Додека Алијансата на филмски и телевизиски продуценти, Здружението на актерите и Здружението на сценаристи на Америка продолжуваат со своите напори да штрајкуваат против актуелната состојба на Холивуд, стриминг гигантот Netflix наиде на бурни реакции поради нов оглас за работа.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Развојот на вештачката интелигенција е спорна точка на дебата во тековниот штрајк, во услови кога 87% од сценаристите кои се членови на струковното здружение заработуваат помалку од 26.000 американски долари годишно. За разлика од нив, огласот на Netflix за „менаџер на производи со машинско учење“ нуди годишна плата 300.000 до 900.000 американски долари.

Според компанијата, машинското учење ќе претставува основа за сета натамошна иновација на платформата, употребувајќи ја вештачката интелигенција за обликување на своите каталози на содржини и учење на карактеристигите кои прават одредени содржини да бидат успешни, а сѐ со цел оптимизирање на производството на оригинални филмови и телевизиски серии.

Дополнително, компанијата објави уште еден оглас за „технички директор за генеративна вештачка интелигенција“ за своето студио за видео игри, при што новата позиција нуди плата од 450.000 до 650.000 американски долари годишно.