НЕСЕКОЈДНЕВЕН НАСТАН ВО СТРУМИЦА: „СТРУМИЧКИ ЛАНГРДИИ СУ НОГО ТАКРАФАТЕ И ИЧ МАСТРАФЕ“

мај 26, 2022

Незаборавен и несекојдневен музичко-драмски перформанс на СОУ „Јане Сандански“-Струмица под менторство на професорите Анита Станковска, Денис Кирчанов и Катерина Милушева!

Бидете дел од доживувањето на спомените за една Струмица која одамна ја нема. Слушнете ја приказната за еснафите кои оставија белег, за младоста од едно време низ играта на една нова генерација која на свој начин се обидува да ги заживее, зачинето со струмичкиот дијалект и препознатливи песни!

Десет глумци, дванаесет членови на оркестарот, петнаесет хористки, сите аматери, Ве повикуваат да бидете дел од овој настан во големата сала на НУЦК „Антон Панов“-Струмица, на 26.05.2022 година (четврток) во 20:00 часот!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: