strumica denes logo

НЕМА ВЕЌЕ ПАРКИРАЊЕ НАСЕКАДЕ ВО СТРУМИЦА: Ќе има засилени мерки во следниот период за возачите и учесниците во сообраќајот кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи!

Автор:

Датум:

октомври 21, 2024

Автор:

Датум:

октомври 21, 2024

Секторот за внатрешни работи Струмица ги известува сите лица учесници во сообраќај на подрачје на Струмица дека во следниот период ќе се преземаат засилени мерки и активности со цел санкционирање на возачите и останатите учесници во сообраќајот кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Посебен акцент ќе се даде на непрописното паркирање на возилата на подрачје на градот Струмица, а се со цел обезбедување на безбеден и непречен сообраќај.

Апелираме до возачите превозните средства кои ги управуваат да ги паркираат на обележани паркинг места, почитувајќи ја поставената сообраќајна сигнализација. Во спротивно, за непочитување на истото ќе се преземаат законски мерки и возачите ќе бидат санкционирани согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.