НЕ ЧЕКА СОЛАРНА БУРА: Можен прекин на телекомуникациите, ќе има и поларни светла!

март 27, 2024

Експертите за вселенските феномени очекуваат ефектот на сончевиот блесок да стигне до Земјата во текот на денот и да предизвика геомагнетна бура што може да ги наруши телекомуникациите и да создаде поларни светла.

Метеоролозите издадоа предупредување откако беше забележан сончев изблок од површината на Сонцето, пренесе АП.

Ова е добра вест за ловците на поларната светлина, бидејќи сончевиот одблесокот ќе обезбеди одличен преглед на поларната светлина.

Во предупредувањето од Центарот за предвидување на времето во вселената на САД се вели дека јавноста нема причина да се грижи.

Невремето би можело да ги наруши високофреквентните радио преноси, како што се комуникациите меѓу авионите и далечните контролни кули на сообраќајот.

Прогнозерот Џонатан Лаш рече дека повеќето комерцијални авиони можат да користат сателитски пренос како резервна опција.

Тој изјави дека сателитските оператори би можеле да имаат проблем со следењето на нивните вселенски летала, а одредено ниво на „индуцирана струја“ може да се регистрира во линиите на електричната мрежа, но тоа нема да биде сума со која не би можеле да се справат.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ