strumica denes logo

„НАЗДРАВЈЕ“ НАРОДЕ: Македонија е четврта земја во светот по пушење!

Автор:

Датум:

март 15, 2025

Автор:

Датум:

март 15, 2025

„Справувањето со здравствените и економските последици од употребата на тутунот е навистина голем предизвик за сите земји од регионот, вклучително и во мојата земја, во која има поразителни статистики и во однос на процентот на корисници на тутунот, и на бројот на загубени живот како последица на оваа зависност, како и штетите на годишно ниво кои се изразени во милијарди денари“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на настан кој се одржува во црногорскиот главен град Подгорица.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

„Спроведените студии даваат фрапантни податоци за консумирање на тутун. Мојата земја, за жал, е четврта земја во светот по потрошувачка на цигари. Половина или околу 45 проценти од возрасното население користи тутун. Последиците се уште попоразителни, со околу 5.000 смртни случаи годишно и трошоци на годишно ниво од 38 милијарди денари. Ова е повеќе од очигледно дека е потребна итна акција“, порача министерката за финансии на состанокот во Подгорица во организација на Министерството за финансии на Црна Гора во соработка со Светската здравствена организација (СЗО), посветен на елиминирање на штетните влијанија од употребата на тутун.

Таа се осврна на мерките што досега ги има преземено земјава во насока на ставање под контрола на употребата на тутунот, напоменувајќи ги воведените и постепеното зголемување на акцизите кај тутунот и тутунските производи, новиот Закон за акцизи, забраната за пушење во јавните објекти, како и повеќе мерки и активности кои се во делот на Царинската управа со цел сузбивање на црниот пазар со тутун и тутунски производи.

„Преку Министерството за здравство имаме активна соработка со Светската здравствена организација во областа на контролата на тутунот како дел од Двегодишниот договор за соработка кој е фокусиран на конкретни активности, како и мерки од Протоколот за елиминирање на недозволената трговија со тутунски производи кон Рамковната конвенција за контрола на тутунот“, наведе министерката и додаде дека имплементацијата на предвидените мерки треба да ја намалат преваленцата на пушење на 18 отсто.