Научници веруваат дека Земјиното јадро престанало да се врти

јануари 26, 2023

Според ново истражување, се чини дека внатрешното јадро на Земјата престанало да се врти. Иако ова звучи лошо, научниците велат дека тоа не е толку страшно. Новото истражување оди во прилог на теорија според која јадрото застанува и ја менува насоката на вртење на секои 60-70 години.

Со мерење на сеизмички бранови од земјотреси длабоко под површината на земјата, истражувачите откриле дека внатрешното јадро на Земјата можеби ја менува насоката на вртење. Според нив, веројатно тоа претходно ја сменило насоката на вртење на почетокот на 70-тите години.

Научниците веруваат дека менувањето на насоката на вртење на јадрото е поврзано со магнетното поле на Земјата и гравитацијата.

– Земјиниот плашт и внатрешното јадро се многу хетерогени, така што гравитацијата помеѓу нивните структури има тенденција да го влече внатрешното јадро до позиција на гравитациона рамнотежа – објасниле авторите Ји Јанг и Шиадонг Сонг од Универзитетот во Пекинг.

Доколку двете сили не постигнуваат рамнотежа, внатрешното јадро ќе ја намалува и ќе ја зголемува брзината на вртење, дополниле тие. Теоријата би можела да објасни повеќе феномени, како климатските циклуси и промените во должината на денот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ