Кучињата скитници во околината ООУ ,,Никола Вапцаров“, се обезбедени со куќа, според предлогот кој често се споделува од здружените ,,Анима Мунди“ за да се заштитат во овие денови со ниски температури.
„Ученици од различна возраст, а верувам дека интересот ќе беше уште поголем, со големо задоволство се потрудија да ги изработат овие куќички и да се постават таму каде што најчесто се забележани овие мили суштества, кучињата. Во куќичките беше ставена и храна и силно се надеваме дека кученцата ќе се спасат од студените денови што претстојат.“ – изјави за нашиот портал Наташа Цонева-Лазаревска
Активноста самоиницијативно ја поттикна Наташа Цонева-Лазаревска, со поддршка на родители и жители на населбава, заедно со учениците Величе Митева,Марија Трајкова, Елена Танчева, Дона Котева,Снежана Лазаревска и Ивана Јанева . Се постигна ефект на дружење, љубов и грижа кон послабите од нас, а тој ефект беше пренесен на сите соседи кои беа пријатно изненадени од активности кои, еве и за време на распустот, беа спроведени.