Настан: Нови можности за социјално-ранливите групи во општина Струмица

Здружението за локална демократија ЦЕНТАР НА ЗАЕДНИЦАТА НА ОПШТИНА СТРУМИЦА Струмица, организира јавна расправа за нацрт- акцискиот план за локалната Стратегија за социјална заштита на своите граѓани на Општина Струмица за периодот 2019-2020 година на ден 16.10.2018 (вторник) во 13 часот, во големата сала во Дом на АРМ – Струмица.

На јавната расправа ќе присуствуваат претставници на граѓанските организации, вработени во институции, вработени во општинската администрација, членови на Совет на општина Струмица, претставници од месните и урбаните заедници од општина Струмица. Нацрт-акцискиот план ќе го презентираат Танкица Таукова и Горан Сачевски, во улога на ангажирани консултанти за изработка на акцискиот план во рамки на проектот.

Активноста е дел од проектот „Изработка на Акциски план за локалната Стратегија за социјална заштита на своите граѓани на Општина Струмица за периодот 2019-2020 година“, кој го имплементира Центарот на заедницата на општина Струмица, а финансиски е поддржан од Општина Струмица преку G1 Програмата од Буџетот на Општината. Цел на проектот е придонес кон непосредното учество на граѓаните во креирањето на локалните политики во областа социјална заштита.

Автор:

Датум:

октомври 12, 2018

Категории:

Настан, Струмица