strumica denes logo

НАСКОРО СТРУМИЦА ДОБИВА НОВ НОЌЕН КЛУБ – НАСТАПУВА НА СЦЕНА ОНА КОЕ НИ БЕШЕ ПОТРЕБНО И ГО НЕМА СО ГОДИНИ!

Автор:

Датум:

јуни 10, 2024

Автор:

Датум:

јуни 10, 2024

Конечно во нашиот град повторно настапува на сцена она кое што ни беше потребно и го нема со години.

Низ годините Струмица беше позната по својот богат ноќен живот кој повозрасните го паметат. Посетеност од целиот регион, дружење и неверојатна забава, која ни недостасува веќе со години.

За многу брзо време, струмичани ќе имаат повторно привилегија да се гордеат со својот град и со ноќниот живот и одлична забава со најдобрите регионални и светски музички имиња до раните утрински часови.

На одлична локација во градот, се отвора клуб “Mirage”, нов урбан, модерен и софистициран ноќен клуб, кој на своите гости ќе им ги овозможи сите комодитети за добра забава и уживање, по критериум и ранг на светските ноќни клубови.

Освен богатата музичка програма и содржини кои ветуваат посебни и неверојатни искуства, клубот “Mirage” инвестира во врвен ентериер, опрема, ефекти и музичко-сценска програма, сѐ со цел гостите да се чувствуваат супериорно и од секое излегување да направат вистински хедонистички моменти кои ќе бидат запаметени.

Следете не на нашиот инстаграм профил, за само неколку дена ќе Ви откриеме нешто повеќе…

п.с Имаме посебни изненадувања за насреќните.

Ваш клуб “Mirage