strumica denes logo

Наскоро маркетите во амкедонија ќе мораат ги објават цените на нивните интернет страници!

Автор:

Датум:

април 13, 2025

Автор:

Датум:

април 13, 2025

Правилникот за тоа како малите, средните и големи трговци да ги објавуваат цените на интернет страниците излезе во Службен весник и стапи на сила, со што прилагодувањето на владината мерка треба да заврши до средината на овој месец, како што предвидуваат и законските измени. Големите синџири на маркети кои што ги исконтактира порталот Фактор велат дека тие немаат никаков технички проблем со тоа, затоа што имаат ИТ поддршка која може постојано да ги објавува цените и да ги ажурира промените.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Граѓаните пак велат дека оваа мерка може да им помогне само на оние кои што имаат послободно време за пазарење и што немаат проблем да отидат во неколку продавници истовремено доколку пазарат повеќе работи за подолг рок.

Трговецот на веб-страната треба да има мени со посебен дел како ценовник. Маркетите што имаат повеќе продавници треба да ги истакнат цените за секоја одделно. Во посебен дел треба да се истакнат цените и производите кои што подлежат на промоција, односно на акција. Доколку производот е на попуст тоа треба посебно да се наведе и да се назначи до кој датум ќе трае.

„Доколку од страна на трговецот се нудат промотивни или попустни цени, на вебстраницата на трговецот треба да биде означена редовната цена, процентот или износот на намалувањето, како и времетраењето на промоцијата или попустот. Трговците треба да ги ажурираат цените на стоките на дневна основа, односно секој работен ден до 10:00 часот. Во случај на ненамерна техничка грешка во ажурирањето на цените на стоките, трговецот треба да ја корегира грешката во рок од 24 часа“, објавено е во Правилникот.
Според законските измени, од ваквата обврска се ослободени микротрговците и трговците-поединци. Предлагачите на законските измени претходно рекоа дека ваквата мерка успешно се применува, како пример, во Франција и во други држави.

Министерот за економија Бесар Дурмиши претходно рече дека се очекува поголема транспарентност маркетите, подобрена конкурнетност и намалување на цените.

Граѓаните сега ќе можат да одберат каде ќе ги трошат нивните пари, ќе знаат за секој производ во кој маркет по која цена се продава еден ист производ – рече тој.

Законските измени предвидуваат и глоби за трговците кои ќе постапат спротивно на одредбите од овој закон и на одредбите за овластувањата што ги имаат државните пазарни инспектори.