strumica denes logo

Наместо млекo, што треба да јадат оние кои не консумираат млечни производи?

Автор:

Датум:

септември 14, 2023

Автор:

Датум:

септември 14, 2023

Ако сте алергични на лактоза или пак сте забележале дека имате проблем со млечните производи или едноставно сакате да ги исфрлите од менито, како дневен извор на калциум можат да ви послужат бадемите, семките од сончоглед и уште некои намирници

Во случај да избегнувате или целосно сте ги исфрлиле од своето мени млечните производи, постојат мноштво алтернативни начини за да му обезбедите на својот организам адекватен внес на калциум.

Калциумот е еден од битните елементи во нашиот организам. На возрасните им се препорачува дневен внес од 1000 мг, а ако сте интолерантни на лактоза како дневен извор на калциум можат да ви послужат следните намирници.

Чиа семки

Само две лажици чиа семки содржат околу 180 мг калциум. Исто така, чиата го помага одржувањето на здравјето на коските помагајќи му на телото да ги метаболизира калциумот, фосфорот и магнезиумот. Чиа семките можете да ги помешате со житарки или смуди.

Бадеми

Само една чаша бадеми содржат околу 385 мг калциум што одговара речиси на 1/3 од препорачаниот дневен внес на калциум. Иамјте на ум дека иста порција бадеми содржи околу 800 калории и 73 г масти. Иако станува збор за здрави масти, калориската вредност на бадемите е висока па имајте го ова предвид доколку внимавате на внесот на калории.

Суви смокви

Смоквите содржат високо ниво на влакна и калиум. Исто така, богати се со магнезиум, минерал кој телото го користи за околу 300 биомеханички реакции како што е одржувањето на функциите на мускулите, работата на срцето и јакнењето на коските.

Млеко од соја

Чаша млеко од соја збогатено со калциум содржи речиси еднаква количина калциум како и кравјото млеко. Исто така, ова млеко е богато и со витамин Д и содржи помалку заситени масти во однос на кравјото млеко.

Тофу

Тофуто е одличен извор на калциум. Сепак, нивото на калциум варира во зависност од видот и производителот, па бирајте тофу кој во себе содржи калциумови соли кои производителите често ги користат како коагулант.

Сончогледови семки

Една чаша сончогледови семки содржи околу 110 г калциум. Исто така, семките се богати и со магнезиум кој го одржува здравјето на мускулите и нервниот систем во оптмална состојба. Покрај тоа, сончогледовите семки содржат и витамин Е одговорен за здравјето на коските. Сепак, сончогледовите семки содржат голема количина додадена сол која може да го снижи нивото на калциум во организмот. За најдобро искористување на калциумот, земајте несолени и непржени сончогледови семки.