НАЈМНОГУ КАЗНИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА СТРУМИЦА: КАЗНЕТИ 22 ВОЗАЧИ КОИ ВОЗЕЛЕ БРЗО!

мај 17, 2022

На 15.05.2022 во периодот од 11.00 до 17.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 67 пречекорувања на брзината, од кои 22 на подрачје на Струмица, 18 на подрачје на Гевгелија, 14 на подрачје на Радовиш и 13 на подрачје на Валандово. Во 34 случаи брзината била пречекорена надвор од населено место, а во 33 случаи во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ