НАЈМАЛИТЕ СО ЛЕКЦИЈА ЗА ХУМАНОСТ: Ученици од ООУ „Никола Вапцаров“ со наставничките Невенка Дончевска и Наташа Туманова Витанова организираат хуманитарен Велигденски хепенинг!

април 5, 2023

По повод големиот Христијански празник Велигден наставничките Невенка Дончевска и Наташа Тумановска Витанова заедно со учениците од III-4 одд. и II-3 одд. при ООУ ,,Никола Вапцаров” – Струмица во соработка со родителите на учениците организираат Велигденски хепенинг со хуманитарен карактер.

👉👉👉Велигденскиот хуманитарен хепенинг ќе биде реализиран на 10.4.2023 год.од 11 часот до 13 часот во Дом на култура ,,Антон Панов” – Струмица.

По повод одбележување на претстојните празници на хепенингот учениците ќе ги презентираат своите рачно изработени Велигденски украси.

❗Собраните средства од Велигденските изработки ќе бидат донирани во Фондација Елеуса, целта е со собраните средства да се помогне на социјално ранливите категории.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: