НАЈГОЛЕМИОТ ГЛОБАЛЕН ХАКАТОН ВО СВЕТОТ NASA SPACE APPS CHALLENGE ВО СТРУМИЦА – ИСКОРИСТИ ЈА МОЖНОСТА И ПРИЈАВИ СЕ!

август 12, 2022

КЛИКНИ ОВДЕ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА НАСТАНОТ: https://2022.spaceappschallenge.org/locations/strumica/?fbclid=IwAR3YdOmeSH_ACQxvJ18DyrDWQeqsAHC2oOBPpg9PCao0bpJDnJKjnExeyqM

Приклучете се глобално, делувајте локално под водство на Зорица Масникоса-Поп Трајкова, Јасмина Цамбулева и Костадинка Тушева, Мартина Димоска. Одличен настан, логистички поткрепен од тимот Cleveland и Mountain View со интернационално искуство.

Хакатонот ќе се одржи од 1ви до 2ри Октомври, 2022 година во просториите на СОУУД “Димитар Влахов”- Струмица. Биди креативен, претстави ја твојата идеја и креирај решение!

Space Apps е интернационален дводневен hackathon отворен за сите кои се ентузијастично посветени на откривање на нови решенија за глобалните проблеми. Ако сте програмер, научник, инженер, дизајнер, доколку поседувате комуникациски и маркетинг вештини или барате можност да ги тестирате вашите идеи и знаења за вселената, ова е вистинското место за вас! Ќе имате можност да запознаете нови луѓе, да размените нови идеи со луѓе подеднакво ентузијастични за вселената како и вас и да изградите нешто ново и уникатно!

Вашата задача ќе биде да дизајнирате, изградите и презентирате иновативни решенија за актуелните проблеми кои се среќаваат на Земјата и во Вселената. За време на настанот ќе бидете постојано поддржани од ментори кои ќе ве водат кон исполнување на крајната цел на натпреварот.

На натпреварот можат да учествуваат сите граѓани на Република Македонија.

Ве очекуваме!

Доколку ви се потребни дополнитени информации, слободно контактирајте не!

Организациониот тим на NASA Space Apps Strumica 2022!

Тимови

Се препорачува тимовите да се составени од 3-4 членови, иако нема ограничување на минималниот број на регистрирани членови во еден тим. Максималниот број на членови во еден тим е 6 учесници.

Доколку не сте во можност да формирате свој тим, со наша помош ќе можете да се приклучите на друг тим во пресрет на настанот.

Локални Награди

-1 место: ваучер во вредност од 200 евра за најкреативно решение;

-2 место: ваучер во вредност од 100 евра за локално најдобро решение;

-3 место: ваучер во вредност од 50 евра за најомилен на публиката;

Најдобриот локален проект ќе биде вклучен во глобална номинација, и глобалните победници ќе бидат објавени во Јануари 2023.

За секој тим кој ќе учествува на хакатонот ќе бидат доделени признанија-сертификати.

Спонзори

Овој хакатон е подржан од страна на:

-Општина Струмица

-Mama’s Food- Струмица

-Nova Solutions- Битола

-СОУУД “Димитар Влахов” – Струмица

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ