Повеќе од 50 музички артисти од домашната и светската сцена настапија на шестфестивалски бини во рамките на 14. издание на „Д Фестивал“, што се одржа од 28 јуни до 30 јуни во Дојран. Најпопуларниот фестивал на нашите простори во организација на „Пасворд продукција“, годинава го имашесвоето најдобро издание досега, кое беше збогатено со голем број различни зони за посетителите, како и со бројни изложби, перформанси, кино, театар, дебати, работилници.
Покрај музичката програма, и оваа година „Д Фест“ понуди повеќе од 30 најразлични видови уметности и дружби во „ПлоштАрт“, меѓу кои и стенд ап настапи, живи статуи, повеќе видови на танци, тетовирање во живо, јога, тарот, масажа, бесплатна психолошка помош, базар и многу други креативни активности.Оваа година организаторите објавија „Д мапа“, но и „Д Апликација“ за лесна ориентација за време на фестивалот, вклучувајќи го и славниот Д-Камп за посетителите нафестивалот.
Фестивалот во петокот го отворија хрватскиот бенд „Елементал“, застапничката на африканската култура Фатумата Диавара, словенечката музичка сензација „ЈокерОут“,Палестинската диџејка Сама Абдулхади, која за прв пат настапи во Македонија, а првата вечер на главниот Together X стејџ ја комплетираше италијанската диџејка Дебора Де Лука, позната по своити сетови на Cercle и стадионот на Наполи, Марадона.
Вториотден на „Д Фестивал“ помина во знакот на концертитена хардрок-панк-метал-рокенрол-џез сензацијата „Пич Вајс“, македонскиот треш-метал бенд Санаториум, ѕвездата на македонската рап сцена LD Pistolero во придружба на ДЈ Гоце и R.O.N.I.N.,американскиот рапер Лил Памп, нашиот познат диџеј Flooder, а атмосферата достигна точка на вриење со перформансот на едно од најмоќните имиња на електро сцената Hot Since 82, кој има настапувано и на позантите фестивали Coachella и Glastonbury и во култните клубови Fabric во Лондон и Pacha на шпанскиот остров Ибица.
Во рамките на последната неделна вечер, фестивалската еуфорија кулминираше со забава до утринските часови со концертот на македонската андерграунд атракција „Луфтханза“, популарниот кавер бенд „Нувел ваг“, британскиот хит мејкер Џоел Кории настапот на светскиот хит мејкер Џонас Блу, кој ги донесе своите неверојатни хитови и енергија на главниот стејџ.