НА 31 МАРТ ВО НЕДЕЛА ЌЕ ЗАПОЧНЕ ЕКО АКЦИЈАТА ВО СТРУМИЧКАТА КОТЛИНА „ЧИСТИ РИДОВИ ЗА СИТЕ“

март 28, 2024

На ден 31-ви март 2024 година (недела) со почеток во 10.00 ќе започне еко акцијата „Чисти ридови за сите 4“.

Оваа година по четврти пат ја организираме оваа еко акцијата и сега координирано во 4-те општини од струмичката котлина (општина Струмица, општина Василево, општина Босилово, општина Ново Село), акција која полека прераснува во убава традиција токму на почетокот на пролетта.

Еве ги локациите, каде ќе се спроведе акцијата:

Општина Струмица:
– групата ќе започне од РЦСОО „Никола Карев“ во 10.00 часот од каде групата ќе се упати по асфалтниот пат “Лозињата – Чамчифлик”, за на крај да се пристигне до месноста т.н. Стрелиште;
Општина Ново Село:
– еко акцијата ќе се спроведе на “Новоселска брана” со почеток во 10:00 часот;
Општина Босилово:
– еко акцијата ќе се спроведе на “Брана Иловица” и просторот околу манастирот во Хамзали, со почеток во 10:00 часот;
Општина Василево:
– еко акцијата ќе се спроведе на јавните површини во сите населени места, со почеток во 10:00 часот;

Предвидено е собраниот смет учесниците да го одложат во вреќи за отпад покрај патот на предвидените рути и локации, од каде со возила на комуналните претпријатија понатаму сметот ќе биде собран и одложен во соодветните депонии.

Ја користиме оваа прилика да ве поканиме сите вас – љубители на природата, кои сакате почиста околина, кои сте спремни да одвоите дел од вашето слободно време да се вклучите во оваа акција и сите заедно и организирано да и вратиме нешто на нашата прекрасна природа.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ