Затемнувањето се случува во сезоната на Скорпија, а познато е дека Скорпијата е еден од најсложените и најмистериозните знаци на Зодијакот – носи трансформации. Сонцето влегува во знакот Скорпија на 23 октомври и ќе биде таму до 21 ноември. Овој период ќе биде многу моќен и ќе забележите многу промени во вашиот живот.
Скорпијата е знак на длабочина, интимност и екстремни чувства, па затоа треба да очекуваме вакви теми да се појавуваат често во овој период.
Затемнувањето на Сонцето, последното затемнување на Сонцето во 2022 година, ќе се случи на 25 октомври во знакот Скорпија, а последното затемнување во годината беше затемнувањето на Месечината во знакот Скорпија на 15 мај.