НА 25 АПРИЛ ВО СТРУМИЦА ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЕЛЕУСА ФОНДАЦИЈА „ЗВУКОТ НА ЧОВЕЧНОСТА“

април 18, 2023

Елеуса Фондација Ви го најавува одржувањето на првиот хуманитарен концерт „Звукот на човечноста“ што ќе се одржи на 25 април 2023 г. во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица.

За првпат заедно на една сцена, сплотени од хуманоста и човечноста, ќе настапат бендовите на трите средни училишта, „Јане Сандански“, „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“, музичкото „Боро Џони“ и ВИС „Стихири“.

Билетите по цена од 300 денари се пуштени во продажба на Билетарницата во НУЦК „Антон Панов“.

Не пропуштајте го ова несекојдневно музичко уживање и станете дел од нашето големо хумано семејство!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ