strumica denes logo

МОРА ДА ГИ ОДБРАНИМЕ ДЕЦАТА: МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ПОВИКУВА НА МИРЕН ПРОТЕСТ ПРОТИВ ПРЕДЛОГ ЗАКОНИТЕ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И МАТИЧНА ЕВИДЕНЦИЈА!

Автор:

Датум:

јуни 20, 2023

Автор:

Датум:

јуни 20, 2023

МПЦ- ОА: На 29 јуни во Скопје мирен протест против предлог законите за матична евиденција и родова еднаквост!

Браќа и сестри нашата Света Црква нѐ повикува на отворена борба за достоинство, слобода и заштита на основните верски права,

На денешната редовна седница, Светиот Синод на МПЦ-ОА изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорирале Соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат 95% од населението, и не ги прифатиле сугестиите во однос на предлог законите за матична евиденција и за родова еднаквост.

-Напротив продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за целосно носење на овие Закони, за кои уште еднаш апелираме да се повлечат од процедура, бидејќи тие претставуваат сериозна закана за општеството особено за неговата основна клетка- семејството, велат од САС МПЦ- ОА.

Од Светиот синод велат дека будно ги следат случувањата и активните притисоци за носењето на овие Закони, и дека се доведени во ситуација да мора да биде заштитено и одбрането семејството, а пред сѐ децата.

-Повикуваме во оваа борба за достоинство, слобода и заштита на основните верски права да се придружи верниот народ, граѓанските здруженија, организации и сите поддржувачи заедно да ја заштитиме нашата вера и традиција од обидот за нејзино „искоренување“ спомнат во член 23 т.5 од предлог законот, и да излезат на мирен протест пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје на 29 јуни 2023 година во 18 часот, против донесувањето на овие закони, се вели во соопштението од САС на МПЦ- ОА.