Ноќеска (11.10.2026) во 03:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.Т.(46) од Струмица. При контрола на сообраќајот полициски службеници запреле патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Т., при што тој почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници кои извршувале службени задачи. Воедно од преземените мерки било утврдено дека А.Т. возилото го управувал со 1.84 промили алкохол во крвта, како и за време на изречена забрана за управување со моторно возило.
Тој бил задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
























