Perdormire
Струмица

МОБИЛНИТЕ ТИМОВИ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА, ДЕНЕСКА НА ГРАЃАНИТЕ ДЕЛЕА ФЛАЕРИ СО ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНА ВИРУСОТ!

Мобилните тимови на општина Струмица составени од волонтери кои доброволно се пријавија и волонтери од Општинскиот Црвен крст, денеска, на граѓаните им делеа флаери со препораки за заштита од корона вирусот. Флаерите се делеа на продавачите и купувачите на пазарите и околните улици каде што имаше зголемена фреквенција на луѓе.

Јавното здравје е заедничка одговорност. Да ги почитуваме мерките и да го заштитиме нашето здравје.