Екипата на ММС, влезе низ портата на ѕидовите на КПД-Штип каде во моментот своето секојдневие го поминуваат вкупно 236 осудени лица, а заедно со нив и 115 вработени. ММС разговараше со тројца осуденици кои се занимаваат со резбарство а еден од нив е и струмичанецот Васе Илиев-Кемо.
„Член сум на Друштвото на копаничари. Сум имал изложби низ Македонија. Занаетот го научив во затворот во Идризово. Работев во затворот, а и надвор имам фирма. Потоа, пак влегов во затвор и сега тука го пренесувам на занаетот на луѓе кои се заинтересирани, а се осуденици како мене. Значи секој може да дојде и нема да биде одбиен“, додава Кемо за ММС.
Кемо вели дека резбарството може да биде и тешко и лесно, но пред се’ многу интересно!