Home

Perdormire
СДСМ Струмица

МЛАДИТЕ ОД СДММ-СТРУМИЦА СЕ ВКЛУЧИЈА ВО БОРБАТА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПОЖАРИТЕ ВО НАШИОТ РЕГИОН!

Home

Столе Коциров, претседател на СДММ-Струмица:

Почитувани сограѓани,
Состојбата со пожарите во нашата земја е и повеќе од алармантна.

Следејќи го примерот на сите хумани луѓе, ние од СДММ-Струмица се приклучивме активно во борбата за справување со пожарите во нашиот регион ставајки се на распочагање на одговорните лица на кризните штабови.

Сите волонтери кој несебично покажаа интерес за овој хуман и пред се човечки гест, се полнолетни и психофизички здрави млади луѓе, па според тоа и ќе одговараат единствено на висината на задачите кои што ни ги дават одговорните лица.

📢 Апелираме до сите граѓани, оранизации и невладини организации да се приклучат и сите заедно и сплотено да помогнеме во гаснењето на огнените стихии📢
Овде не станува збор за политички активности. Ги повикуваме сите кои што сме во можност да се вклучат и на било кој начин помогнат.