strumica denes logo

Младите лекари кои не беа избрани за платена пракса се жалат: Ќе бидеме принудени да ја напуштиме Македонија!

Автор:

Датум:

март 11, 2024

Автор:

Датум:

март 11, 2024

Група на млади лекари по општа медицина кои положиле стручен испит за лиценца за работа во Лекарска Комора сметаат дека се жртви на дискриминација во системот на државата затоа што само неколкумина лекари биле повикани на шестмесечна платена пракса која е предвидена според законот за здравствена заштита. Останатиот дел од лекарите не се повикани поради непознари причини.

-После шест години редовни студии на Медицинскиот факултет и уште шест месеци поминат стаж за полагање државен испит, ние сме останати во агонија и загриженост за нашата иднина.

Секојдневно го слушаме парадоксот на нашиот систем, каде е очигледен недостигот на млади доктори, а во исто време ние сме оставени во чекалната на институциите чекајки вработување или платена пракса која ни следува според закон. Единствениот одговор на кој се повикуваат институциите е да бараме работа кај матични лекари, но веќе активни огласи за вработување во град Скопје и останатите градови, скоро и да нема.

Направени се напори и од страна на Министерството за здравство после склучената средба со министерот за здравство д-р Илир Демири, поднесено е барање до министерството за финансии за решавање на проблемот по итна и неодложна постапка, како и барање од Комисија за имунизација поради недостиг на медицински кадар во вакциналните пунктови во епидемијата со Голема кашлица која станува се поактуелна.

Важно е да ја добиеме оваа борба, доколку се одолговлечи одлуката од Министерство за Финансии и ДКСК за одобрување на финансиите од кои ни зависи започнувањето на платената пракса, следствено на тоа неправедно го губиме и правото да се пријавиме на првиот циклус на конкурси за специјализација. Доколку не се изнајде решение за нашата ситуација, ќе бидеме дел од многуте неправди кои институциите ги прават врз здравствените работници, иако си ја сакаме државата и сакаме да останеме тука, ќе бидеме приморани да ја напуштиме и да одиме некаде каде што ќе се цени нашиот труд и знаење, се вели во сопштението на група на млади лекари кои побараа поддршка од колегите, професорите, сите останати здравствени работници и граѓаните за да се изборат за своите права.