Премиерот Христијан Мицкоски денеска положи цвеќе во црквата Св. Спас на гробот на македонскиот идеолог Гоце Делчев.
-Тоа што го правевме во минатото продолжуваме да го правиме и како Влада. Цениме дека македонската Влада треба да има традиција и во иднина да го чествува овој ден бидејќи ова е наш македонски великан кој е дел од македонскиот идентитет и неговото дело не смее никогаш да биде заборавено, рече Мицкоски.