strumica denes logo

Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост, во солзи и тишина даваме почит за жртвите!

Автор:

Датум:

март 19, 2025

Автор:

Датум:

март 19, 2025

Денес, премиерот Христијан Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост во чест на жртвите од трагичниот пожар.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Во овие тешки моменти, Кочани, Македонија и целиот наш народ тагуваат за младите животи што згаснаа прерано, за соништата што останаа неостварени.

„Денес, во тишина, со солзи и со почит, се поклонуваме пред жртвите и нивните семејства. Вечна им слава. Нека почиваат во мир,“ напиша премиерот Мицкоски во Книгата на жалост.

Посетата беше чин на длабока почит и солидарност со семејствата кои поминуваат низ најтешките моменти. Владата останува посветена на целосно расчистување на трагедијата и поддршка на погодените.