Вечерва на прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе даде детали за апсењето на Љупчо Палевски во Турција.
Спасовски рече дека е направена веќе привичната пријава за четири лица и тоа на 100 страници. Главно на прес конференцијата е тоа што во Турција е уапсено лицето Љ.П. кој е главен планер , кооринатор и извршител на кривичните дела.
По него била пратена црвена потерница. Постапката за екстрадиционен притовр е во рацете на Министерството за правда, а потоа тој ќе излезе пред лицето на правдата. „Правдата е совест, не лична туку совест на целото човештво. Правдата затоа треба да биде брза и целосно спроведена, потенцира Спасовски на прес конференцијата.
Палевски, првоосомничен за убиството на 14- годишната Вања Ѓорчевска и посочен како директен извршител, како и на 74 – годишниот Панче Жежовски, вечерва е уапсен во Турција.
Тој се движел од Белгра преку Србија и Бугарија во Турција. Вечерва е обвинет и 46- годишниот скопјанец , кој му помогнал да избега со неговиот Ланд Ровер.