strumica denes logo

МИНИСТЕРОТ ГО РАЗРЕШИ, ВЛАДАТА ГО ВРАТИ: На предлог од Тренчевска вратен директорот што беше уапсен поради дрога во Радовиш!

Автор:

Датум:

април 10, 2024

Автор:

Датум:

април 10, 2024

Вчера доцна попладне, на предлог на дополнителната министерка Јованка Тренчевска, Владата донела нелогична, противзаконска и крајно неморална одлука, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

„Поништено е решението со кое се разрешува директорот на Центарот за социјална работа во Радовиш. Директорот Александар Филев беше разрешен на 04.04.2024 заради поднесена една кривична пријава и 3 прекршочни пријави по различни членови од страна на Бирото за јавна безбедност СВР Струмица, ОВР Радовиш. На 9 март МВР информираше дека во полициската станица во Радовиш на 8 март бил приведен А.Ф. (36) откако во алкохолизирана состојба, за да пријави нарушување на јавен ред и мир во кое учествувал, почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници. Пред само еден месец истото лице, Александар Филев бил приведен во полиција за недозволена трговија со дрога„, се вели во соопштението од МТСП.

Заради тешки повреди на угледот на институцијата министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски донесе решение за негово разрешување.

„Ја прашуваме, јавно, дополнителната министерка Јована Тренчевска дали е свесна за штетата која ја прави на Центарот за Социјални работи Радовиш и на Министерствотo кое во дел од својата работа е да заштити жртви токму од вакви дејствија како што ги направил кадарот која она го поставила. На што сѐ сте подготвени за да ги заштите вашите кадри“, се вели во соопштението.

На оваа одлука на Владата реагираше и партијата ВМРО-ДПМНЕ.

„Вчера власта на СДС и ДУИ застана во заштита на лице обвинето за криминал, поточно трговија со дрога и тоа лице го постави на функција. Катастрофа. Никако поинаку не може да се нарече одлуката која ја донесоа министрите на овие две партии со која се поништува Решението на техничкиот министер за труд и социјална работа Ѓоко Велковски, за разрешување од должност на директорот на Јавната установа Центар за социјална работа – Радовиш, од 04.04.2024 година. Ова решение беше донесено после скандалот од 17 февруари оваа година, кога директорот беше фатен од полицијата во трговија со дрога. Токму така кадарот на СДС и Тренчевска беше фатен со дрога, а сега дури и без срам и перде е поништено решението за негово разрешување и истиот е вратен на функција“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Со кој образ, се додава во соопштението, Тренчевска и СДС ќе се појават во јавноста и ќе објаснат дека штитат и враќаат на функција лице кое ќе треба да се грижи за деца, загрозени категории граѓани, лица со хендикеп и слично, а истото е фатено во трговија со дрога.

„Да потсетиме, кого штити СДС. Се работи за Александар Филев, ВД директор на меѓуопштински центар за социјални работи во Радовиш, кој во Штип, бил приведен од службеници од Одделот за недозволена трговија со дрога и оружје, заради тоа што кај директорот Филев била најдена и одземена дрога. Ако мислат дека ваквите нивни кадри ќе им помогнат во поткупи, притисоци или изборен инженеринг, тогаш се лажат. Уште повеќе ќе потонат. Народот гледа дека СДС одлепиле скроз и тоа народот ќе го казни. Промените доаѓаат, тие се во рацете на граѓаните. Да ја вратиме повторно Македонија на народот“, се вели во реакцијата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.