strumica denes logo

МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОРАСНЕ ОД МАРТ!

Автор:

Датум:

јануари 4, 2025

Автор:

Датум:

јануари 4, 2025

Согласно Законот за минимална плата, износот на минималната плата се усогласува на почетокот на секоја календарска година.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Тоа значи дека од месец март вработените кои сега добиваат минимална плата, ќе добијат извесно покачување.

Министерот за економија Бесир Дурмиши најави и дека по редовното усогласување на минималната плата, таа најверојатно ќе изнесува 24.400 денари.

Тоа ќе биде за околу 1.800 денари повеќе од актуелната минимална плата која е на износ од 22.567 денари.

„Конечната сума на минималната плата која ќе важи од март наредната година ќе се знае откако ќе се земат податоците за инфлацијата и за просечната плата во 2024 година, по што ќе се усогласи минималецот “ вели Дурмиши.

Согласно истиот Закон, со корекција на минималната плата, треба да следи усогласување и на сите останти плати.