strumica denes logo

МИЦКОСКИ ОД СТРУМИЦА: Идејата за Македонија денес е посилна од било кога!

Автор:

Датум:

јуни 17, 2026

Автор:

Датум:

јуни 17, 2026

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, вечерва од Струмица порача дека идејата која започнала пред 36 години со формирањето на ВМРО-ДПМНЕ не само што опстанала, туку денес е посилна од кога било.

Во своето обраќање по повод 36-годишнината на партијата, Мицкоски истакна дека собирот не е само одбележување на јубилеј, туку потврда дека сонот за Македонија продолжува да живее и да се развива.

-Вечерва сме собрани да покажеме дека идејата која започна пред 36 години не само што опстана, туку денес е посилна од кога било. Таа идеја, тој наш сон отсекогаш бил и ќе остане Македонија, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека Македонија повторно има енергија, надеж и визија, додавајќи дека граѓаните повторно веруваат во себе и во иднината на државата.

Според него, силата на Македонија се гледа во народот кој, како што рече, не се откажал од својата татковина и останал исправен и во најтешките периоди. Мицкоски оцени дека токму таа народна енергија е двигателот на промените и напредокот.

Од Струмица беше испратена порака дека државата се движи напред и дека процесот на развој мора да продолжи со засилено темпо.

-Македонија се исправа, чекор по чекор одиме напред и мора да забрза. Тоа е нашата обврска. Македонија која забрзува, истакна премиерот.

Во своето обраќање тој се осврна и на критиките дека резултатите не се доволно брзи, посочувајќи дека ги разбира очекувањата на граѓаните, но и тежината на наследените проблеми.

-Би сакал да имам, но немам магично стапче со кое преку ноќ ќе ги решиме проблемите, но немам. Можам да кажам дека правиме чекори напред. Мали, можеби не толку големи, но сигурни, рече Мицкоски.

Тој додаде дека владата работи во услови на бројни предизвици и наследени проблеми, но дека секоја вложена енергија и секоја жртва за подобра иднина на граѓаните е вредна.