Во македонското здравство започнува реализацијата на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила, информира премиерот Христијан Мицкоски.
Тој преку објава на социјалните мрежи сподели видео на кое се гледаат првите нови возила како се движат по улиците во Скопје, посочувајќи дека тие од денеска ќе бидат достапни за граѓаните.
„Од денес достапни за граѓаните. Почнува реализацијата на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила во македонското здравство“, напиша Мицкоски.
Набавката на новите амбулантни возила е најавена како дел од активностите за модернизација и подобрување на условите во здравствениот систем.
























