Местото во кое е забрането да бидете надвор од 10 до 17 часот: Животот е еднаков на пекол, луѓето работат од полноќ, но имаат бесплатни лекови и не плаќаат данок!

март 27, 2024

Немилосрдното сонце ги натерало властите на оваа земја да воведат закон со којшто се спречува излегување надвор кога е најголемата жештина.

Валид Алками е туристички водич и жител на Кувајт, каде немилосрдната жештина ги принудува жителите да побегнат во текот на летото.

Човекот којшто пораснал во најтоплиот град на светот сведочи дека секоја година таму е сѐ потопло и потопло.

Валид целиот свој живот го поминал во Кувајт, местото во кое туристичкиот водич вели дека „никој никогаш не се преселува“.

На 21 јули 2016 година метеоролошката станица Митрибах во северен Кувајт забележала температура од 54 степени Целзиусови (што е трета највисока температура во светот).

Климатските научници предупредуваат дека земјата се загрева побрзо од останатиот дел од светот, а се предвидува дека температурите ќе се зголемат за околу 5 и пол степени до крајот на векот во споредба со 2000-те години.

Во 2021 година температурата достигнала над 50 степени Целзиусови во текот на 19 дена, што е рекорд којшто би можел да биде срушен годинава.

„Моментално времето е совршено. Наутро е 19 степени, навечер 17 степени. Но, кон средината на јуни температурите надминуваат 50 степени. Тоа е најтоплиот град на светот“, изјавил туристичкиот водич Валид.

„Сите се трудат да останат во затворена просторија затоа што секаде во Кувајт е климатизирано. Поголем дел од жителите бегаат од топлото и летаат надвор од Кувајт. Претпријатијата се затвораат. По закон не може да работите на отворено од 10 до 17 часот, така што работниците работат од полноќ до наутро“.

Во речиси сите затворени јавни простори има клими, додека пак улиците се покриени со прскалки. Забраната на тамошната Влада за работа на отворено од 10 до 17 часот е во текот на летните месеци и е осмислена за да се спречи умирање на луѓето во временски услови кои претставуваат постојана опасност.

Меѓутоа, доколку се упатите во Кувајт налето, можеби ќе забележите дека правилото не се применува секаде. Работниците кои неодамна емигрирале во земјата работат на високи температури, покриени низ цело тело, од глава до пети, за колку-толку да се спасат од немилосрдното сонце.

„Кувајт станува сѐ потопол. Веќе со години е така. Сѐ потопло и потопло е секоја година. Се грижам поради глобалното затоплување. На секои неколку години тоа се зголемува за половина степен. Но, нема да се селиме“, изјавил Валид.

„Тука валутата е една од најмоќните во светот, плаќаме нула данок, сѐ е субвенционирано од страна на Владата, цените на горивата се дупло пониски од Саудиска Арабија. Лековите и образованието се бесплатни“, истакнал Валид Алками.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ