Во работна посета на средното општинско училиште „Димитар Влахов“ од Струмица, деновиве престојуваа директорот, наставници и ученици од средното земјоделско училиште „Соња Маринковиќ“ од Пожаревац, Србија.
На заедничкиот настап во спортската сала на училиштето, директорите на двете училишта ги поздравија гостите, а учениците се претставија со неколку композиции од познати исполнители на забавна и народна музика, од двете држави.
Меѓусебната соработка, за воспоставување повисоки стандарди во наставата и воннаставните активности, е заедничка цел на двете училишта. Споделувањето на искуствата, позитивната пракса и дружењето на наставниците и учениците, допринесоа оваа соработка да продолжи и во иднина. Промоцијата на училиштето на меѓународен план е и промоција на општината, која секогаш ја дава поддршката за интеркултурна комуникација и меѓуучилишна соработка.