strumica denes logo

МАСКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНА ВИРУСОТ СЕ ВРАЌААТ ВО МАКЕДОНИЈА – ТАКА ОДЛУЧИ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ!

Автор:

Датум:

септември 22, 2023

Автор:

Датум:

септември 22, 2023

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок донесе одлука за задолжително носење на заштини маски при влез во сите здравствени установи низ Македонија. Ова пред новинарите го соопшти претседателот, д-р Злате Мехмедовиќ.

– Тоа е со цел да се минимизира пренесување на заразата во здравствените установи. Таму имаме групи кои може да бидат зафатени со тешка слика од Ковид вирусот кој може да се јави и летарен исхох, изјави д-р Злате Мехмедовиќ на прес конференција за новинарите.

Здравствените власти регистрираат зголемување на позитивните случаи со ковид-19 во август и септември. Епидемиолошката состојба се оценува како стабилна, а на ризичните пациенти им се препорачува нова доза вакцина. Симптомите на новозаболените се болки во грлото, течење на нос, главоболка.