Денеска одржав прес конференција по повод навредите кои траат веќе 5-6 месеци и ме обвинуваат мене како претседател на Советот и советниците од СДСМ дека ја пропагираме родовата еднаквост, меѓутоа Советот на општина Струмица работи според законите и деловникот за работа.
Советот на општина Струмица е составен од добри советници кои се грижат за општина Струмица и нејзините граѓани да им ги подобрат условите за живеење. Советот на општина Струмица, како и останатите Совети во Република Северна Македонија не е ни законодавна, ни извршна, ниту пак судска власт, ниту можеме да носиме закони и да ги менуваме, ни пак можеме да менуваме род во пол или пол во род, ниту да носиме такви одлуки на Советот на општина Струмица бидејќи нашиот деловник тоа не го дозволува.
Нашите проблеми почнаа во месец мај и еве да ги откриеме картите и да ја кажеме вистината кој се залагал за родовата еднаквост, а кој не.
ЛИНК ДО ВИДЕОТО: https://www.facebook.com/marjandaskalovski/videos/997465691531983