strumica denes logo

Македонец ја прави најдобрата ракија во светот: Ракијата „Бараба“ е прогласена за најдобра во светот на меѓународен натпревар во Лондон!

Автор:

Датум:

јули 30, 2024

Автор:

Датум:

јули 30, 2024

Ракијата Бараба е прогласена за најдобрата ракија во светот на меѓународен натпревар во Лондон, а технологот кој ја произведува е Александар Рунчев од Штип.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

IWSC односно International Wine and Spirits Contest е еден од најпрестижните натпревари во светот за алкохолни пијалоци и се одржува во Лондон. На него има 120 експерти кои се оценувачи на пијалоците, а оваа година учествуваа 98 земји и имаше повеќе од 4100 примероци. Така меѓу учесниците се најде и „Подрум Палиќ“, тоа е дестилерија од Србија, а еден од технолозите за производство таму е нашиот Александар Рунчев од Штип.

Оваа година Подрум Палиќ 1898 зеде учество со комплетната линија „Baraba“ и Podrum Palić Vinjak. Сите 6 ракии добија награди, а „Baraba Lozovaća“ доби злато со 99 поени, награда Outstanding Gold и трофеј за најдобра ракија во светот од својата категорија.

Вкусот на ракијата беше опишан како „овошен со заоблени вкусови на сочни јагоди, ананас, свежи кајсии вкусни мандарини и мирисна москато нота на грозје, со великодушно долга цветна завршница. Едноставно магична“