ЉУПЧЕ ДОРИЕВ НЕМА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ВО СЛЕДНИВЕ ДВА НАТПРЕВАРИ: Мислам дека заслужувам повик или порака од селекторот како образложение зошто нема да играм!

ноември 13, 2023

Љупче Дориев:

Жалам што нема да бидам дел од репрезентацијата во следниве два натпревари, иако сум во добра форма и постигнувам голови за мојот тим. Сепак, го почитувам изборот на селекторот како и секогаш, јас сум убеден дека тој знае што е најдобро во моментот за Македонија. Мислам дека заслужувам повик или порака од селекторот како образложение зошто не сум дел од репрезентацијата. Јас ќе продолжам да работам понапорно и поуспешно за да добијам повик, да идам повторно дел од националниот тим.

На колегите од репрезентацијата им посакувам успех и добар резултат против Италија и Англија. Заеднички сите до успех на последните два натпревари во овој циклус.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ