Home

Perdormire
Струмица

ДЕНЕСКА НОВА ОДЛУКА НА БУГАРИЈА – МАКЕДОНЦИТЕ МОЖЕ ДА ВЛЕЗАТ СО КОВИД ПОТВРДА И НЕГАТИВЕН ТЕСТ!

Home

На сите државјани на Република Македонија од 20 јануари им е дозволен влез во Бугарија со приложување на валиден сертификат за вакцинација против КОВИД 19 или сертификат за прележана болест, заедно со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. За влез на малолетни лица од 12 до 18 години, исто така е задолжителен негативен ПЦР тест, информира Министерството за надворешни работи.

Од МНР нагласуваат дека по интензивната комуникација меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји, надлежните институции на Република Бугарија, донесоа нова одлука за влез во Бугарија на нашите државјани. Поради влошената епидемиолошка ситуација, Македонија продолжува да биде во т.н. Црвена зона, но со најновата одлука се укинуваат ограничувањата за влез за неесенцијални потреби.

Најновата одлука на бугарските власти, ќе стапи на сила од 20 јануари (четврток).