Жителите на Струмица и околината за време на ноќните часови, викендите и празниците, можат да набават неопходна терапија преку дежурните аптеки, но со строго почитување на пропишаната процедура. Иако аптеките се дежурни, лек може да се подигне само ако претходно се јави лекар до соодветната аптека и го најави пациентот и потребната терапија.
Списокот со дежурни аптеки за месец април е доставен до Итната медицинска помош, каде граѓаните можат да добијат информации која аптека е активна во одреден ден или вечер. Дополнително, информациите може да се проверат и онлајн, на соодветни веб-страници или со телефонски повик до аптеките.
Аптекарот, по добивање на најава од лекарот, е должен да ја отвори аптеката, да го издаде лекот и потоа да ја затвори. Во спротивно, одбивањето да се постапи според процедурата претставува кривично дело, бидејќи со тоа може директно да се загрози здравјето и животот на пациентот.
Во продолжение погледнете ја листата за месец април: