Лани околу 12.000 градежни работници заминале од Македонија!

јануари 4, 2024

Синдикатот за градежништво и индустрија предупредува дека само лани од Македонија во странство си заминале околу 12.000 работници. Ова е многу загрижувачки податок, иако токму лани беше постигнат успех со потпишувањето на колективниот договор за вработените во јавниот сектор, велат од градежниот синдикат.

Претседателот на Синдикатот за градежништво и индустрија, Иван Пешевски вели дека градежниот сектор има најлоши надворешни влијанија и такви услови за работа кои не се почитуваат соодветно со лична заштитна опрема. Само лани трудовиот инспекторат регистрирал 16 смтрни случаи како последица на несоодветно обезбедени услови при изградбата и 2005 повредени работници.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ