strumica denes logo

Лани најмногу поскапеле маслиновото масло и компирите!

Автор:

Датум:

јануари 25, 2024

Автор:

Датум:

јануари 25, 2024

Лани во Европската Унија(ЕУ) најмногу поскапеле маслиновото масло и компирите.

Маслиновото масло поскапе за дури 54 отсто, компирите за 23 отсто, јајцата за 20 отсто, а значително намалување на цената од 26 отсто има кај житарките.

Според податоци на Евростат, компирот поскапе во 24 земји од Европската унија, најмногу во Германија, за 49 отсто, Словачка за 48 отсто и Хрватска за 44 отсто.

Пад на цената на компирот има само во Белгија, за 18 отсто, на Кипар за 14 отсто и во Австрија за четири отсто, пренесува Танјуг.