strumica denes logo

КРАДЕЊЕ ОД СОПСТВЕНИКОТ НАРОД? ДЕЛ ОД МАРКЕТИТЕ СТАВАЛЕ МАРЖИ И ДО 70%

Автор:

Датум:

февруари 11, 2025

Автор:

Датум:

февруари 11, 2025

Државниот пазарен инспекторат ги заврши контролите на маркетите и дистрибутерите се со цел да се открие зошто се толку високи цените на производите.

ТВ21 пренесува дека неофицијалните информации се дека се откриени прозиводи со бруто маржа од 40 до 70 отсто што директно го кршат Законот за нефер трговски практики кој предвидува далку помалку маржи на производите.

Од ТВ21 посочуваат дека дистрибутерите на производи од странство, користејќи ја својата економска моќ, наметнувале свои цени, кои влијаеле негативно и на производите од домашно производство. Сево ова влијае на крајната цена која ја плаќаат граѓаните.

Информациите велат дека Државниот пазарен инспекторат почна со контрола и на производителите, со посебен акцент на кондиторската, месната и млечната индустрија. Оваа контрола ќе биде најсложена од сите и веројатно ќе има потреба од меѓуресорска соработка.